- Тројца агенти на украинската воена разузнавачка служба ХУР се ранети во престрелка во Киев со агенти од државната разузнавачка служба СБУ.
- Државната служба објави дека престрелката почнала додека истражувале руски разузнавачки заговор насочен против Степан Каплунов, заменик-командант на паравоениот Руски доброволен корпус, кој е во составот на специјалната единица на „Тимур“ на ХУР.
- Военото разузнавање соопшти дека припадници на СБУ отвориле оган врз невооружени службеници на ХУР и ја обвини државната служба дека го „киднапирала“ Каплунов на 23 август. Тој подоцна бил ослободен и префрлен на тајна локација.
- Претседателот Володимир Зеленски ја нарече престрелката „апсолутен срам“, побара темелна истрага и итно го разреши Олег Храмов, началник на одделот за заштита на државни тајни при СБУ.
- „Овде, во Украина, може да се пука само врз руските окупатори, во одбрана на Украина“, изјави Зеленски.
- Централната банка на Холандија во сложена операција од неколку месеци повлекла 86 тони злато од трезорите во САД и Канада и ги префрлила во Лондон и Холандија поради „зголемените геополитички тензии во Северна Америка“.
- Во периодот од март до август, вкупно 27 тони златни резерви биле префрлени од Њујорк и Отава во домашниот трезор во Зајст, а исто количество било преместено во Лондон. Не е објавено како златните прачки биле транспортирани преку Атлантикот.
- Преостанатите 29 тони биле продадени во Њујорк и со парите повторно било купено злато во Лондон.
- „Со златото што се чува во Банката на Англија најлесно се тргува во светот и тоа е подостапно во случај на криза... Претпоставуваме дека никогаш нема да имаме потреба да го употребиме златото, но сепак е неопходно да ја зајакнеме нашата отпорност и подготвеност“, изјави Олаф Слејпен, претседател на Централната банка на Холандија.
- Вкупните холандски резерви на злато на крајот на 2025 година изнесуваа 612,4 тони и беа проценети на 72,2 милијарди евра. Пред трансферот, DNB чуваше 31,3 % од своите златни резерви во Њујорк и 19,7 % во Отава. Сега тој удел е намален на 18,5 % во двете земји.
- Директорот на Goudwisselkantoor – холандска аукциска куќа специјализирана за продажба на злато, накит, дијаманти, монети и банкноти – во јануари предупреди дека Трамп би можел да ги блокира златните резерви на Холандија што се чуваат во САД, да воведе дополнителни царини или да ја одложи исплатата со децении“.