Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Повеќе членови на ДНК загинале во пожарот во Кочани

16 март 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Андреј Ѓоргиески од дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани. Имал тешки изгореници и се обидувал да им помогне на гостите кога избувнал пожарот кога и го загубил животот. Гo идентификувала сопругата.

  • Загинал и Филип Стевановски од Куманово. Беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, вработен како професор во штипскиот државен музички училишен центар и годинава назначен за директор на Центарот за култура во Штип.

  • Во несреќата загинал и тапанарот на ДНК, Ѓорѓи Ѓорѓиев од Струмица. “Ѓорѓи ќе биде запаметен како млад и надежен музичар кој својата страст за музиката ја споделуваше со сите околу себе. Секогаш позитивен, насмеан и мотивиран да создаде нешто убаво, тој беше инспирација за многу млади таленти“, пишуваат струмичани.

  • Загинала и Сара Пројковска, придружен вокал на ДНК. „Со длабока жалост и неверица ве известуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска, го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика, лавица и добрица...“ се простија од Факултетот за музичка уметност.

  • Загинат е и штипскиот гитарист Александар Коларов. Со Филип од бендот биле женети со сестрите Ирена и Маја. 

  • Трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе уште еден живот – Мартин Атанасовски, попознат како Буцо Битбокс.

  • И фотографот Александар Ефремов, кој ги следеше Андреј и Панчо на скоро сите настапи низ државава, е меѓу загинатите во пожарот што се случи во дискотеката Пулс во Кочани. Млад, талентиран.

  • Панчо со изгореници на рацете и лицето е хоспитализиран и на кислородна поддршка.

извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Зденка цела да е

Македонштина
3

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
4

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
5

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

6

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

7

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
8

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
3

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Уба си Битола, дасибиш веко

Умните зборови на оџата од Иса Бег

Фала, го имаат во зграда

Македонија до Токио

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy