- Данска ги забрани сите летови на цивилни дронови во текот на оваа недела спроти самитот на Европската Унија во Копенхаген, по серијата инциденти со неидентификувани беспилотни летала околу аеродромите во изминатите две недели. Прекршителите на забраната ќе се соочат со парична казна или до две години затвор.
- „Полицијата ја засили готовноста пред самитот. Не треба да се грижат ни Данците ни нашите гости“, објави Министерството за транспорт.
- Данските власти се уште не откриле кој бил одговорен за надлетувањата на аеродромите. Министерката за одбрана ги нарече инцидентите „хибриден напад“.
- Дронови управувани од непознати оператори во изминатата недела беа забележани и во Норвешка и во Романија. Ниту еден досега не бил соборен.
- Министрите за одбрана од десет членки на ЕУ во петокот постигнаа согласност за создавање „европски ѕид против беспилотни летала“, насочен кон исток.
- Вооружениот напаѓач што ја запали мормонската црква во Мичиген и со рафали уби најмалку четворица верници бил Томас Џејкоб Санфорд, 40-годишен поранешен маринец од локалното место Бартон, ветеран од војната во Ирак.
- Тој синоќа со пикап украсен со американски знамиња удрил директно во Црквата на Исус Христос, пукал во верниците што биле на неделна служба, полеал бензин и го запалил објектот додека уште имало луѓе во него. Бил убиен во престрелка со полицајците.
- Во црквата за време на нападот имало стотина луѓе. Неколкумина се исчезнати. Служби бараат дали има тела на уште жртви во остатоците од црквата.
- Полицијата не ги утврдила мотивите на напаѓачот и истражува дали дејствувал сам. Откако тој бил убиен биле испратени бомбашки закани до други цркви во регионот. Не биле пронајдени бомби.