Поранешниот хармоникаш на Три Бенд стана директор на РЕК Битола
24 ноември 2021
- Oткако беше разрешен досегашниот директор на РЕК, Златко Ќурчиевски, за в.д. директор на РЕК Битола е назначен Пеце Матевски.
- Матевски на оваа позиција доаѓа од местото директор на Термоелектрана, а пред тоа има музичка кариера со неколку бендови.
- Како хармоникаш тој е дел од Три бенд, со кој ги има редовните музички ангажмани: слави, свадби, крштевки и општо свирки во ресторани.
- Од образование в.д.-то на РЕК-от има и магистратура која ја добива со темата „Потребни карактеристики и вештини на менаџерите за продажба на брендирани производи“.