- Крвна плазма од пациенти кои се опоравиле од ковид не би требало да се користи за лечење на заболени бидејќи нема доволно докази дека ги зголемува шансите за опоравување, порачува СЗО.
- Препораката важи и за поблаги но и за пожестоки форми на болеста бидејќи податоците велат дека употребата на крвна плазма не ја намалува потребата од респиратор.
- Препораката се темели на докази од 16 студии во кои учествувале 16,236 пациенти со благи, умерени и критични облици на ковид.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.