Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Полска ја обжали казната од ЕУ за вакцините на Фајзер

4 август 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Полските власти официјално ја обжалија судската пресуда на ЕУ која ја обврзува Полска да му плати 1,3 милијарди долари на фармацевтскиот гигант Фајзер за вакцините против ковид што ги нарачала Европската Унија во име на Варшава.
  • „Одлуката на првостепениот суд не ги зема предвид сите релевантни фактички и правни околности на предметот“, објави Министерството за здравство на Полска. Бара да се одложи извршувањето на одлуката додека трае постапката по предметот.
  • Основа за казната за Полска е контроверзниот договор помеѓу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, и директорот на Фајзер за нарачка на милиони дози на вакцини за ковид за потребите на сите членки на ЕУ. Таинственоста на преговорите ја отвори аферата Фајзергејт.
  • Полска во 2022 година одби да ја преземе нарачката поради „променетата епидемиолошка состојба и војната во Украина“. Судот во Брисел на 1 април годинава пресуди дека мора да се почитува обврската кон фармацевтскиот гигант, кој не морал ни да ги произведува вакцините кои Полска ги одбила.
  • Прва жртва на судската одлука беше полската служба за воздушна навигација PANSA, на која, иако нема никаква врска со вакцините, ѝ беа замрзнати средствата од европското тело за безбедност во воздухопловството Eurocontrol.
извор

Шефицата на АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

24 август 2026
  • Share
  • Post
  • Копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку влезе во сојузната влада, нејзината партија ќе бара Германија да излезе од еврозоната и од Шенген, да ги затвори националните граници и да воведе значително построга миграциска политика.
  • „На Германија ѝ беше значително подобро пред воведувањето на еврото“, рекла Вајдел во интервју за ЗДФ, тврдејќи дека заедничката европска валута ја ослабнала германската економија и го намалила богатството на домаќинствата.
  • Во пресрет на изборите на 6 септември во Саксонија-Анхалт, АфД има поддршка од повеќе од 40 отсто од гласачите. На национално ниво, АфД има 27 отсто поддршка, додека ЦДУ е на 22 отсто.

извор

Кратко сефте за Артан Груби

24 август 2026
  • Share
  • Post
  • Главната расправа во судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, е одложена на барање на одбраната.
  • Дел од адвокатите на обвинетите пред судот посочиле дека не го добиле обвинителниот акт, како и дека доказите на Обвинителството не им биле дадени на увид.
  • Судијката Биљана Шуплиновска Јолевски образложила дека поради обемот на доказниот материјал (231 материјален и седум вербални докази), доказите не биле испратени по пошта, туку биле обезбедени во кутии во судот, од каде што бранителите можат да ги подигнат и да извршат увид.
  • Артан Груби се враќа во домашен притвор а обвинетиот Прпарим Бајрами, поранешен директор на Државна Лотарија, не се враќа никаде бидејќи е во бегство.
  • Сите обвинети, наместо за проневера во службата, се товарат за друго кривично дело - злоупотреба на службената положба и овластување, кое предвидува поблага казна. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Југославија се собра во Аталанта

Фудбал
2

После ваков коментар, дигаш раце од кариера

Балканштина
3

Ројтерс за пожарите во Македонија

Разно
4

Државата плаќа приватна мамографија за пратенички (едитирано)

5

Нарачка за Стокомак

Македонштина
6

Пристигнувањето на Елмас во Аталанта

Фудбал
7

Ќе им дадеш платформа и вака ќе те серат

Онака
8

А вие за Гоце се чудите

Балканштина
1

Државата плаќа приватна мамографија за пратенички (едитирано)

2

Кратко сефте за Артан Груби

3

Зошто професорката Христина Манческа поднесе отказ?

4

Јадеме еден те ист зеленчук

Храна
5

Што ако демократијата беше само минлива историска епизода?

Мислења
6

Мосад сам себе си го убил имиџот

Свет
7

Шефицата на АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

8

Грција станува израелски сателит

Балкан
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина

А вие за Гоце се чудите

Балканштина

После ваков коментар, дигаш раце од кариера

Разно

Ројтерс за пожарите во Македонија

Македонштина

Нарачка за Стокомак

Балканштина

Кј си море чоек: Исус е роден во Охрид

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ќути што не сме генијалци

Ќе се изначекаме

Беше, Бог да го прости, невозможен човек

На одмор со дечињата

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy