- Белгиската полиција изврши претреси во дипломатската служба на ЕУ во Брисел, во Колеџот на Европа во Бриж и во приватни домови, во рамки на истрагата за злоупотреба на европски фондови.
- Уапсена е поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, која е ректор на Колеџот.
- Запленети се документи и три лица биле приведени на сослушување во врска со измама, корупција и конфликт на интереси.
- Јавното обвинителство на ЕУ отвори истрага за обвинувањата дека дипломатската служба и престижниот колеџ за „еурократи“ злоупотребиле пари од ЕУ во 2021 и 2022 година при купувањето зграда за сместување постдипломци.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.