- Американски федерален судија го одобри договорот за обештетување на здравствени работници од еден универзитетски здравствен систем во Чикаго на кои не им биле уважени религиозните приговори кога требало да се вакцинираат.
- Колективната тужба ја поднесоа 500 работници кои барале изземање од имунизација заради верски причини, но биле доведени до избор: или вакцинација или отказ.
- Ќе бидат обештетени со 10, 3 милиони долари и ќе можат во следните 90 дена да се пријават на враќање на старите работни места.
- Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, најави дека следната година ќе биде намалено производството на Сајбертракот, за да се фокусира на комплетно автономните такси возила.
- Електричната Годзила се произведува само во мега-фабриката на Тесла во Остин и засега нема најави дека производството може да биде преместено на други локации.
- „Конечно, иднината ќе изгледа како иднина,“ ентузијастички изјави Маск при лансирањето во 2023 година но возилото не ги исполни продажните надежи: во САД пречка за тоа беше електричниот погон а во Европа габаритот.
- Појавата на Сајбертракот како ретко која кола ги подели луѓето: на едни им беше екстремно грд, на други преубав од што е екстремно грд.