Планети равнајс!
28 февруари 2025
- Вечерва ќе има несекојдневна глетка на небото. Една до друга ќе се постројат планетите Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Нептун и Уран.
- Меѓу нив, како тенок срп, ниско над хоризонтот ќе биде видлива и младата Месечина.
- Ваквото подредување е редок астрономски феномен, кој ќе се повтори дури во 2040 година. Ако не ви се гледа, облачно е.