Пентагон се вооружува со ВИ
15 јули 2025
- Пентагон склучи договори од по 200 милиони долари со водечките американски компании за развој на вештачка интелигенција: Антропик, Гугл, ОпенАИ и xAI, за да помогнат за решавање на критичните предизвици за националната безбедност на САД.
- „Примената на ВИ ги трансформира капацитетите на Пентагон за поддршка на нашите борци и за задржување на стратегиската предност во однос на нашите соперници“, објави Министерството за одбрана.
- Илон Маск, сопственикот на xAI, го објави проектот Грок за владата, иако најновата верзија на четботот неодамна „збесна“ со антисемитиски коментари. Посебни верзии на Грок 4 ќе бидат прилагодени за потребите на разни клиенти во федералната администрација.