Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Пентагон избриша 180 вери од списокот признати религии

6 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Министерството за одбрана на САД го скрати списокот на признаени религиозни вери и системи на верување од досегашните 211 на само 31, по налог од министерот Пит Хегсет.
  • На скратениот систем има дури 22 посебни христијански групи. Покрај нив, признаени се и будизмот, бахаизмот, хиндуизмот, исламот, јудаизмот и сикизамот. Се признаваат и агностицизам, друга вера и ниедна вера.
  • Претходниот список со 211 официјално признаени вери за воениот персонал беше објавен во 2017 година, во првиот претседателски мандат на Доналд Трамп.
  • „Претходниот систем беше непрактичен и неупотреблив, а многу кодекси воопшто не се користеа. 82% од персоналот кои се идентификуваат како религиозни користат само шест од кодексите“, изјави Хегсет во март, кога ги најави промените.
извор

Како правилно се пишува: Тетово или Техеран?

26 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Во среда и сабота само жени може да се капат во градскиот базен во Тетово. Термините се од 08:30 до 12:00 часот.
  • „Тие термини се предвидени базенот да го користат само жени и девојки бидејќи не сакале да има мешање со мажи на базенот. Тоа е направено според барање на граѓаните односно граѓанките од Тетово“, изјави Назми Даути, раководител на секторот за Јавни дејности на Општина Тетово.
  • Покриениот базен во Тетово почна да се гради во 2021-та година а во 2021-ва во употреба го пушти тогашната градоначалничка Теута Арифи. 

* Оваа содржина можат да ја читаат само жени во петок и недела од 8 до 10 часот наутро.

извор

Фаучи повикан да сведочи пред Сенатот за прикривање факти за ковид

25 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Докторот Ентони Фаучи е повикан повторно да сведочи пред Сенатот на САД за обвинувањата дека влијаел врз извештаи за потеклото на пандемијата на ковид и за финансирањето на истражувања за „стекнување функции“ кај вируси.
  • Комисијата за безбедност на Сенатот сака да утврди дали Фаучи го довел во заблуда Конгресот за време на претходните сведочења кога негираше дека американскиот Национален институт за здравје (NIH) финансирал ризични истражувања на Институтот за вирологија во Вухан.
  • Сенаторот Ренд Пол објави дека Фаучи ја одбил поканата доброволно да се појави пред Комисијата. Ако сега одбие, може да биде приведен.
  • Документи што неодамна ги објави шефицата на националното разузнавање Тулси Габард укажуваат дека Фаучи влијаел врз проценките на американските агенции во врска со потеклото на вирусот.
  • Поранешниот службеник на ЦИА, Џејмс Ердман, сведочеше под заклетва пред Конгресот дека Фаучи намерно препорачувал научници што го поддржуваат неговиот наратив дека вирусот SARS-CoV-2 се проширил по природен пат, а не од лабораторија.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кавадарци да намали со ракијата

Македонштина
2

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Разно
3

Како правилно се пишува: Тетово или Техеран?

4

Германија регрутирала едвај 530 доброволци за воена служба

5

Фудбалерите ги преминаа сите граници

Занимливости
6

Во Битола би го викале Темнио

Канта
7

Мицкоски да не добива идеи за „Трпе“ и “Трајче“

Балканштина
8

Одиме до крај

Балканштина
1

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Разно
2

Како правилно се пишува: Тетово или Техеран?

3

Германија регрутирала едвај 530 доброволци за воена служба

4

Фудбалерите ги преминаа сите граници

Занимливости
5

Kој користи јавно WI-FI е без памет

6

Крајот на трансатлантизмот

Мислења
7

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Технологија
8

Скенер каков што досега немало

Технологија
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Балкански капитализам

Балканштина

Читачки ризици

Балканштина

Мицкоски да не добива идеи за „Трпе“ и “Трајче“

Македонштина

Кавадарци да намали со ракијата

Балканштина

Одиме до крај

Македонштина

Камај

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Валерија Вистинска

Заев игра на сигурно

Кога не знаеш каде, да ставиш запирка

Тетовска школска журка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy