- Партијата „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев победи на осмите по ред предвремени избори во Бугарија и најверојатно ќе биде првата по 1997 година што ќе обезбеди мнозинство во Народното собрание.
- Според неофицијални резултати, Прогресивна Бугарија освоила 44% од гласовите, што во зависност од пресметките ѝ носи меѓу 129 и 140 пратенички места (од вкупно 240).
- „Луѓето ја отфрлија ароганцијата на старите партии и не подлегнаа на манипулациите“, рече Радев. Додаде дека програмата на неговата партија ќе го „демонтира олигархискиот модел“.
- Поранешниот воен пилот Радев, кој на Запад важи за евроскептик, се повлече од претседателската функција во јануари за да се кандидира на парламентарните избори. Тој е против воената поддршка за Украина, но во кампањата вети дека „Бугарија нема да го користи правото на вето за да блокира одлуки на ЕУ“.
- „Бугарија ќе „вложи максимални напори да продолжи по својот европски пат. Но, силна Бугарија и силна Европа имаат потреба од критичко размислување и прагматизам... Европа стана жртва на сопствената амбиција да биде морален лидер во свет без правила“, изјави Радев.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.