- Новиот папа Лео 14-ти во првата миса пред кардиналите ламентирал дека луѓето повеќе ги вреднуваат технологијата, парите, успехот, моќта и задоволството отколку христијанството.
- Тој изразил надеж дека Католичката црква може да донесе „светлина во темната ноќ на овој свет“ и дека треба да зрачи со „светоста на своите членови“, а не со „грандиозноста на своите објекти“.
- Папата предупредил дека оние што ја третираат фигурата на Исус како „некој тип харизматичен лидер или супермен“, иако се крстени всушност се атеисти.
- Првиот папа од Америка на мисата се обратил на кардиналите и на италијански и на англиски јазик. Цитати од Библијата читал на англиски и на шпански.
- Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
- Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
- Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.
- Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
- Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
- Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
- Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.