Според проценката на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, во некои затвори повеќе од половина од вработените се вклучени во коруптивни активности.
За девет месеци во македонските установи биле откриени околу 1.000 мобилни телефони, додека во Хрватска во цела 2023 година биле пронајдени само 26.
Пандов информираше дека се завршени сите процедури за електронски мониторинг на затворениците со алки, а во наредните недели тие ќе бидат ставени во функција.
Во меѓувреме се случи скандал во штипскиот затвор – полицајци му помагале на затвореник да си ја најде дрогата.
Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.