- Со 0 гласа ЗА, 17 гласа ПРОТИВ и 0 гласа воздржани, Советот на општина Карпош НЕ ГО ИЗГЛАСА ДУП-от за Градска четврт Ј03, блок 02, општина Карпош Скопје, пренесе советник од ВМРО ДПМНЕ.
- Градоначалникот Стевче Јакимовски го повлекол ДУП-от од дневен ред, советниците го вратиле.
- Имало пцовки, навреди и удирање од маса а Јакимовски ги повлекол службите сосе камерата.
- Пред седницата, Јакимовски демантирал дека ќе се градат пет згради на тоа место.
- Еднократните уреди за пушење/испарување кои се појавија пред само неколку години, со уредба на ЕУ, ќе бидат забранети кон крајот на 2026 година.
- Забраната првенствено е насочена кон заштита младите но и на животната средина. Електронските цигари за еднократна употреба содржат мали батерии со вредни суровини како што се литиум или кобалт, и тие обично завршуваат во ѓубре, наместо правилно да се рециклираат. Претставуваат и опасност од пожар.
- На најголемиот светски саем за тутун, Интертабак во Дортмунд кој се одржуваше деновиве, од вкупно 800 штандови, 300 нуделе нови производи.
- Во понудата биле над 600 различни вкусови – од нане и боровинки, па сè до чизкејк.
- Постојат дури и е-цигари со вградени екрани и гејминг функционалности.
- И Наќе Георгиев и Иџет Мемети признаа дека земале 10.000 евра мито, за да влијаат на судска пресуда и влијаеле, по што - едниот се спогоди со ЈО, а другиот доби само условна осуда.
- Корумпираното обвинителство и судство не отворија постапки за обвинителите и судиите врз кои Георгиев и Мемети влијаеле, вели Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
- Каде се и кои се луѓето кои под притисок или влијание на Наќе Георгиев и за Иџет Мемети досудиле поблага казна? Тие уште судат и правоораздаваат, потсетува таа.