- Американскиот на САД претседател Џо Бајден праќа неколку стотици американски војници во Сомалија.
- Со тоа ја поништува одлуката за повлекување на американските воени сили од таа земја која ја донесе Доналд Трамп на самиот крај на својот мандат.
- Овде имате екстензивен список на американски воени акции во Сомалија, една од најсиромашните земји во суб-сахарска Африка во која 6 од 10 луѓе живеат во сиромаштија.
- Кина објави дека ќе проширува безвизниот влез за уште девет земји, меѓу кои и Македонија, во обид да ги поттикне туризмот и деловните патувања за да помогне во заживување на економијата.
- Од декември годинава, без виза во Кина ќе може да се престојува 30 дена. Само 38 пасоши од светот Кина ги пушта без виза.
- Интересно е што во листата за проширување на безвизниот режим е и Јапонија.
- Спикерот Африм Гаши повика обезбедување и прогласи 10-минутна пауза за да спречи ескалација на инцидентот меѓу Димитар Апасиев и пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев.
- Димче тврди дека Зоранчо го опцул па реагирал барајќи да не му го спомнуваат семејството.
- За малку ќе имаше пресметка и меѓу Борислав Крмов од Левица и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски.
- Смирувачки е да се види како во пресрет на сè поблиска Трета светска војна, македонските народни избраници се на висина на задачата.
*****
*****