- Членките на НАТО се обврзаа да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од својот БДП до 2035 година, повеќе од двојно повеќе од сегашната цел од 2%.
- Најмалку 3,5% од БДП ќе бидат потрошени на „чиста“ одбрана, а преостанатиот дел за „критична инфраструктура“ поврзана со одбраната - за граѓанска подготвеност, иновации и надградување на индустриската база.
- Воените трошоци се зголемени под притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, кој уште во својот прв мандат бараше од партнерите во НАТО да преземат поголем дел од финансискиот товар за колективна одбрана. Некои членки сè уште не ја исполниле целта договорена во 2014 година да издвојуваат за одбрана по 2% од својот БДП.
- „Договорот ќе предизвика квантен скок во колективната одбрана на Алијансата. Тој не само што ќе ја засили нашата безбедност, туку и ќе создаде нови работни места“, изјави генералниот секретар Марк Руте на самитот во Хаг.
- Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп отпушти стотици новинари на Гласот на Америка (ВОА) и со тоа, неофицијалниот јавен сервис на САД е затворен.
- Гласот на Америка беше „дисфункционален, пристрасен и место за расипништво,“ гласи катиљ ферманот.
- Преку 85% од вработените, околу 1.400 луѓе, работата ја изгубија уште во март; прво хонорарците, потоа и постојано вработените.
- Откако Израел го нападна Иран, биле повикани на работа репортерите кои знаат персиски јазик а биле на административно отсуство но подоцна и тие добиле откази.
- Гласот на Америка беше основан во 1942 година и пред да биде укинат, емитуваше програма на 45 јазици.