Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Откриени органски соединенија на месечина на Сатурн

1 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Откриени се органски соединенија во свежо исфрлени зрна мраз од океанот на Енцеладус, што дава надеж дека овој природен сателит на Сатурн би можел да поддржи развој на живот. Се смета дека материјалот извирал од океан од солена вода под вечната ледена кора на шестиот според големина сателит на Сатурн.
  • Научниците со години го сметаат Енцеладус за најповолно тело за развој на живот во Сончевиот систем, ако се изземе Земјата. Мисијата Касини, која заврши во 2017 година, во близина на јужниот пол на Енцеладус откри големи ерупции на испарувања, кои веднаш замрзнуваат. Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ забележал свежи траги од органски соединенија во мраз исфрлен на височина од десетина километри.
  • „Резултатите ја потврдуваат комплексната хемија што се случува под површината. Тоа не значи дека на Енцеладус има живот, но ја зголемува  веројатноста дека хемиските процеси може да водат до формирање супстанци што се биолошки релевантни, објаснува Нозаир Каваџа, планетарен научник од берлинскиот Институт Фраје и главен автор на истражувањето.
  • Тој ги поддржува плановите на Европската вселенска агенција за испраќање мисија до Енцеладус за да истражи од близу знаците на живот. „Запалено е зеленото светло“, вели Каваџа.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Почина цајканот од сељаците

Музика
3

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
4

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
5

Наполи има нов тренер

6

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
7

ФИФА образложи зошто бил поништен голот на Хрватска

Фудбал
8

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

3

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
4

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

5

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
6

Важна информација за битолчани

7

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

8

Европа се помирила со неизбежните патарини во Ормускиот проток

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Потекло на лакомоста

Цензорската секира гледа десно ама делка лево

Нано знае да рачуна проценти на идентитети

Нема место за паника, инвестициите се сигурни!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy