- Постојат четири чекори кои обично водат во војна, објаснува унгарскиот премиер: раскинување на дипломатските односи, наметнување санкции, прекин на економската соработка односи и конечно, влегување во вооружен конфликт. Повеќето од нив веќе се направени.
- „Официјална позиција на Европската унија е дека до 2030 година мора да биде подготвена за конфронтација со Русија“, вели тој.
- Орбан предупредува дека ЕУ создава воена економија а таква „не ви треба за два месеца војна.“
- Унгарскиот премиер тврди дека некои држави во Унијата веќе пренасочуваат делови од нивниот индустриски и траспортен сектор за поддршка на производство на оружје.
- Орбан ја предупреди домашната јавност дека парламентарните избори во 2026 година можат да бидат последни пред земјата да се соочи со директна закана од војна.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.