Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Орбан бара истрага за прислушувањето на Сијарто

23 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара итно отворање истрага за да се утврди кој го прислушувал шефот на дипломатијата Петер Сијарто.
  • „Постојат докази дека унгарскиот министер за надворешни работи бил прислушкуван, а имаме и индикации кој може да стои зад тоа. Ова мора веднаш да се истражи“, напиша Орбан.

  • Порталот „Мандинер“ објави аудио снимка од новинарот Саболч Пањи, кој изјавил дека на странски агенти им дал два телефонски броеви на Сијарто, со што овозможил да се следат неговите разговори. Пањи го потврдил разговорот. Објаснил дека сакал да спореди информации од безбедносна служба на членка на ЕУ за истражувачката тема дека Сијарто ѝ давал доверливи информации на Русија.
  • „Мандинер“ додава дека Пањи е новинар во Direkt36 и пишува за варшавскиот портал Vsquare.org, кои се финансирани од САД, со учество на агенцијата за меѓународна помош УСАИД и Фондацијата Отворено општество на Џорс Сорос.
  • Вашингтон пост, повикувајќи се на европски безбедносен извор, во саботата објави дека Сијарто со години и редовно на паузите од состаноците на ЕУ му се јавувал на својот руски колега Сергеј Лавров за да го информира итно за дискусиите. Сијарто го отфрли извештајот како лажна вест.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

Размислете за храната

Медиуми
8

АНБ со мирис на УДБА

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Почина Биљана Плавшиќ

4

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
7

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Каков секс бара Македонија?

Има ли шинтер за Гинтер?

Викиликс: Дури и Караманлис и Бакојани не инсистирале самите да се преименуваме

Зошто ни доаѓа да викнеме „Заев, врати се“?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy