- Владејачката „Нова Демократија“ во Грција, го исклучи пратеникот Димитрис Киријаздис од својата парламентарна група, откако тој ја навреди Зое Константополу, лидерка на партијата „Курс за слободата“.
- Додека Константополу зборуваше во парламентот од говорницата, Киријаздис извикал кон неа „оди раѓај!“.
- По предлог на партискиот лидер и премиер Киријакос Мицотакис, етичкиот комитет на партијата едногласно реши да го исклучи Киријаздис од парламентарната група поради анти-парламентарно и анти-колегијално однесување.
- Ви текнува?
- Тоше Поп Симонов, еден од најважните луѓе на македонската музика, замина на 63 годишна возраст.
- Тоше Поп Симонов беше музичар, композитор, инструменталист, продуцент, аранжер, текстописец... ренесансно комплетен лик во музиката.
- Тоше Поп Симонов беше умен, писмен, начитан, мудар, добар, правичен, бескомпромисен во своите естетски и етички ставови и пресуди... ЗЕН мајстор во занаетот и живеењето.
- Тоше Поп Симонов беше другар, пријател, ведар, урнебесно забавен, брилијантен раскажувач, драгоцен соговорник во секаков вид дружење.
- Ќе ни фали многу. Многу.
- Три лица загинаа, а осум се повредени во сообраќајната несреќа синоќа на патниот правец Кичево-Гостивар.
- Несреќата се случила во 20.55 часот близу местото Сеферов Бунар меѓу Кичево и селото Трапчин Дол. Се судриле три возила.
- Според првичните информации три лица починале од повредите, а осум лица се повредени. Дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево, дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.