- И Фатмир Битиќи и Еролд Муслиу знаат дека се фатени 100:0 и двајцата знаат дека е недозволиво додека тие се на високи државни позиции, нивните сопруги да земаат грант од 620.000 евра, процес во кој била вклучена и владата преку националниот координатор за борба против тероризмот, вели пратениокот Драган Ковачки.
- По добивањето на грантот, тие се обиделе да ги прикријат траги, тврди тој. Само пет дена по добивањето на парите, сопругата на Битиќи се брише од овластени лица на својата невладина организација, со промена евидентирана во Централниот регистар.
- Тоа што сопругата на Битиќи се избришала од овластено лице 5 дена по добивање на грантот не го менува фактот дека Битиќи е вицепремиер на седница на Владата кога е донесена одлуката националниот комитет да склучи меморандум со конзорциумот на кој му се дава странски грант во време кога неговата сопруга сè уште е претседател на НВО.
- Грција од идната година ќе блокира пристап до социјалните медиуми за деца и тинејџери помлади од 15 години, објави премиерот Киријакос Мицотакис. Предлог-законот ќе биде поднесен до Парламентот во текот на летото, за да може да стапи на сила на 1 јануари 2027 година.
- „Сигурен сум дека многумина од помладите ќе ми се лутат. Да бев на ваша возраст, можеби ќе се чувствував исто. Но, зависноста предизвикана од дизајнот на некои апликации, моделот на правење профит од вашето внимание, од тоа колку време поминувате пред екранот на мобилниот телефон и одземањето дел од вашата невиност и слобода, мора во некој момент да заврши“, порача Мицотакис преку видео на ТикТок.
- Конзервативната влада на Мицотакис веќе забрани употреба на мобилни телефони во основните и средните училишта и долго време најавуваше ограничувања на социјалните медиуми.
- „Грција ќе биде меѓу првите земји што ќе преземат таква иницијатива. Но, сигурен сум дека нема да биде последна. Имаме намера да извршиме притисок врз Европската Унија во таа насока, додаде Мицотакис.
- Британија, Франција, Португалија и Шпанија, планираат слични ограничувања на младите за пристап до социјалните медиуми. Австралија беше првата земја што им забрани на лицата под 16 години да користат платформи на социјалните медиуми.