Вести › Набрзинка
Трамп испрати трупи да воведат ред во Чикаго
- Претседателот Доналд Трамп испрати 200 припадници на Националната гарда во Чикаго за да ги заштитат федералните институции и службеници од напади од демонстранти. „Чикаго е како воена зона“, изјави Трамп. Сојузната држава Илиноис настојува со тужба да го запре распоредувањето.
-
Пред само два дена Федерален суд го блокираше обидот на администрацијата на Трамп да испрати 200 трупи од Националната гарда од Тексас и Калифорнија во Портланд, Орегон. Истиот суд претходно го спречи Трамп во Портланд да ја испрати националната гарда од Орегон.
-
„Нема доволно докази за да се оправда присуството на федерални трупи“, објави судијката Карин Имергат, која на функцијата беше назначена токму од Трамп. Таа предупреди дека „користењето војска без согласност од сојузната држава е закана за нејзиниот суверенитет и може да предизвика уште поголема нестабилност“.
-
Трамп се закани дека ќе го активира Законот за бунт ако судовите продолжат да ги блокираат неговите наредби за испраќање трупи од резервниот воен состав во сојузните држави: „Имаме закон за бунт со причина. Ако треба, ќе се повикам на него. Ако луѓе гинат, а судовите или гувернерите нè спречуваат, секако дека ќе го направам тоа.“
- Калифорнија поднесе две тужби против Трамп, откако тој во јуни ја испрати Националната гарда да ги смири протестите поради рациите на нелегални имигранти. Едната пресуда беше во полза на Трамп, а во другата федерален судија пресуди дека претседателот го прекршил законот што ја спречува федералната влада да користи воени сили за домашни прашања.
Меркел: Пандемијата е крива за војната во Украина
- Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел тврди дека пандемијата на ковид била клучна за војната во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин се плашел од лични средби со западни лидери за да не се зарази, што ги спречило директните преговори на кои можеби ќе бил постигнат компромис.
- Ако не можеш да се состанеш и да се погледнеш во очи, не можеш да најдеш нови компромиси, изјави Меркел во интервју за унгарскиот канал Партизан на Јутјуб.
- Таа тврди дека во 2021 година во ЕУ предложила воспоставување нов дипломатски формат заради директни разговори со Москва, но тоа го одбиле Полска и балтичките држави. „Тоа не заживеа, јас ја напуштив должноста, а потоа почна агресијата на Путин“, изјави Меркел.
- Реагирајќи на оваа изјава, полскиот пратеник Павел Јаблонски ја нарече Меркел „најпроруската политичарка во историјата на Европската Унија“ и побара да биде прогласена за непожелна личност во Полска.
- Благо е да се каже дека ова е скандал. Русија немала поголема корист од никоја друга влада, како од онаа на Ангела Меркел. Германија во нејзини време ја зајакна енергетската зависност од Русија преку гасоводите. Таа го надмина дури и Герхард Шредер, бидејќи за разлика од него не бараше работа во „Газпром“ или во „Рознефт“, порача Јаблонски.
🔴 Warto przypomnieć:
— 🇵🇱 Paweł Jabłoński (@paweljablonski_) October 6, 2025
kiedy Angela Merkel, najbardziej prorosyjska polityk w historii UE, uskarża się na Polskę i państwa bałtyckie, że zablokowały dialog z Rosją „taką, jaka ona jest”, chodzi jej o tą sytuację z czerwca 2021 r.
Unia była wtedy o krok od historycznej… https://t.co/N8sIAlhYxM