Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Објавени уште 3,5 милиони документи од досиејата за Епстин

31 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Министерството за правда на САД објави уште 3,5 милиони нови страници од досиејата за озлогласениот финансиер Џефри Епстин, кои вклучуваат и повеќе од 2.000 видеа и 180.000 фотографии. 
  • Обвинителот Тод Бланш изјави дека тоа со овој пакет, Министерството ја исполнило својата обврска да објави се што има за Епстин. Тој додаде дека рокот за објавување бил пречекорен за шест недели бидејќи службеници морале да зацрнат имиња и ликови на сите жени во толку обемен материјал. 
  • Не се објавени лични и медицински досиеја, документи што прикажуваат смрт, физичко малтретирање и повреди, како и каква било сексуална злоупотреба на деца „што би ја загрозило активната федерална истрага“.
  • Претседателот Доналд Трамп е спомнат околу 4.500 пати во новобјавените документи, но само како предмет на озборувања. Нема докази дека бил вмешан во синџирот на елитна проституција и педофилија на Епстин.
  • „Некои од документите содржат невистинити и сензационалистички тврдења против претседателот Трамп, кои беа доставени до ФБИ непосредно пред изборите во 2020 година. Да бидеме јасни, тврдењата се неосновани и лажни, и ако имаат барем малку кредибилитет, сигурно веќе би биле употребени како оружје против претседателот Трамп, соопшти Белата куќа.
  • Бланш истакна дека досиејата содржат непотврдени информации поврзани со Епстин и неговите соработници. „Нема докази во досиејата што се доволни за кривично вмешување на било кој друг“.
  • Сите објавени документи може да се пребаруваат тука.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Почина цајканот од сељаците

Музика
2

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
3

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
4

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина
5

Реал не чека многу, го зема најдобриот тренер во Европа сезонава

6

Португалија ја исфрли Хрватска во 94-та, драма со ВАР во 90+13

Фудбал
7

Важна информација за битолчани

8

Готово, Мексико го освои Светското

Навивачи
1

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
2

Важна информација за битолчани

3

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

4

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
5

Папата прогласи 600.000 верници за расколници

6

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

7

Европски аеродроми и авиокомпании бараат суспензија на системот за влез/излез

8

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Македонштина

Карпош, чекате ова да се сруши врз деца???

Македонштина

Некој да ни го објасни овој магијски ритуал

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Надеж даваат само поединци

Планинарски споменари

Македонија - Левски 2:1

„Ќе нè биде!“

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy