- Главната обвинителка Пам Бонди побара од федералните обвинители да почнат истрага за сомневањата дека поранешниот претседател Барак Обама фабрикувал разузнавачки докази за руско мешање во предизборната кампања на Доналд Трамп во 2016 година.
- Сè уште не е објавено кога ќе се состане „големата порота“ за да ја спроведе истрагата. Се очекува процесот да почне по неколку месеци. Обама не е директно обвинет.
- Директорката на националното разузнавање Тулси Габард во јули објави дека Обама и највисоки функционери од неговата администрација спроведувале „предавнички заговор“ против Трамп, кој на изборите во 2016 година ја победи тогашната противкандидатка Хилари Клинтон. Габард тврдеше дека Обама го злоупотребил разузнавачкиот апарат за политички цели.
- Пред Обама да ја напушти функцијата, разузнавачката заедница на САД во јануари 2018 година објави извештај во кој беше заклучено дека Русија преку ширење лажни вести на социјални медиуми, хакирања и ангажирање ботови настојувала да ја оцрни Хилари Клинтон и да му помогне на Трамп. Ревизијата на извештајот покажа дека тоа не било точно. Не беа пронајдени никакви докази дека Русија се мешала во изборите.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.