Нетанјаху ги повика Иранците да го соборат режимот
28 февруари 2026
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика Иранците да го искористат американско-израелскиот напад за да го соборат режимот во Техеран. Истото го побара и лани во јуни, кога САД и Израел извршија ограничени напади со проектили врз Иран.
- „Народот треба да се ослободи од јаремот на тиранијата и да донесе слободен и мирен Иран. Нашата заедничка акција ќе создаде услови храбриот ирански народ да ја земе својата судбина во свои раце, изјави Нетанјаху.
- „На овој убиствен терористички режим не смее да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје што би му овозможило да го загрози целото човештво“, додаде израелскиот премиер и му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп „за неговото историско водство“.