Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Немало доволно докази за притвор за барабите кои упаднаа во М-НАВ

7 јануари 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека Основоното јавно овинителство не доставило докази дека бил загрозен воздушниот сообраќај на 4 јануари, кога Беким Незири и уште седуммина насилници упаднаа во Контролната кула на Скопскиот аеродром при што беше натепан контролор на летање на работното место.
  • Обвинителството бараше притвор за 4 напаѓачи кои се достапни, а по четворица МВР уште трага. Судиите на претходна постапка Пајазит Пајазити (на фотографијата)  и Сандра Крстиќ за четворицата досудија само мерки за претпазливост.
  • Напаѓачите се осомничени за „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од Кривичниот законик, кривично дело кое се казнува со најмалку 5 години затвор. Во моментот на нападот, нападнатите контролори воделе 28 авиони на небото над Македонија. Четворица од напаѓачите по кои МВР уште трага, се надворешни лица кои не се вработени во М-НАВ.
  • „Од која тезга си ја купил судијата Пајазит дипломата? Се држи ко слеп за стап дека не уништиле воздухоплов кој е на писта, а членов има 300 дејствија кои никогаш не може кумулативно да бидат сите исполнети!! Самиот упад, во зона со 3 безбедносни бариери е доволен услов за водење на постапка по овој член! Овој е зрел за у Врховен со вакво размислување!“, пишува долгогодишниот следач на судството, Саше Димовски.
извор

Рекордна цена на гасот во Европа после 2022 година

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Цените на природниот гас во Европа во средата се искачија на највисокото ниво од 2022 година, надминувајќи 100 евра за мегават-час.
  • Скокот на цените на гасот е одраз на загриженоста дека Трамп би можел да започне нов бран напади врз Иран по изборите следната недела, што носи ризик од одмазда од страна на Техеран насочена кон енергетската инфраструктура во Заливот. 
  • Сегашните цени сепак се далеку под историскиот рекорд од енергетската криза во 2022 година кога во март достигнаа 345 евра за мегават-час.
извор

САД сакаат да пуштат руски гас за Европа преку Украина

2 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Вашингтон ги притиска Москва и Киев да склучат „енергетско примирје“, кое би овозможило обновување на продажбата на руски гас на Европа преку гасовод низ Украина.
  • Продажбата би се одвивала преку американски посредник, за да се заобиколат санкциите од ЕУ за Русија.
  • Според извори на Волстрит журнал запознаени со планот, Европа би добила гас што го нема доволно во резервите спроти зимата, Русија би добила пристап на европскиот пазар, Украина би добила приходи од транзит низ цевководите, а американски инвеститори можност за профит како посредници.
  • Средствата заработени од продажбата на гас, Русија би ги уплаќала на посебна сметка во трета земја, за да не може да ги користи тие пари за финансирање на војната.
  • Според сегашната регулатива на ЕУ, набавката на руски природен гас мора постепено да се укине до крајот на 2027 година. Европски лидери тврдат дека немаат интерес повторно да станат зависни од енергија од земја што ја сметаат за своја главна стратешка закана.
  • Украина, пак, продолжи да ги напаѓа руските рафинерии, наспроти барањето од Трамп да ги запре. Зеленски изјави дека нападите ќе запрат кога САД ќе му обезбедат на Киев пресретнувачки ракети за системот Патриот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Почина Мишо Хрњак од Азра

3

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

4

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина
5

Реметење билдери на отворено

Видео
6

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
7

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
1

Еверест веќе не е највисоката планина?

2

Почина Мишо Хрњак од Азра

3

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

4

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
5

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
6

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

7

ЕУ нема да се спаси со такси за ТЕМУ

Бизнис
8

Јанез Јанша за ЕУ: Што мислевме, што испадна?

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Јаки духови, јаки расположенија

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Тркало, што толку те чекавме?

Стара панкерска: Ако грешам, нека изгорам

Да го пратиме Блаже на Тибет!

Твит на денот за коментаторите кои зарипнаа за Вардар

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy