Нема ништо појако од неговите најави
11 август 2021
Куќниот притвор на поранешниот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, му е продолжен за нови 30 дена.
Од затворски, Груби беше префрлен во куќен притвор на барање на Обвинителството кое таквата одлука ја донело врз основа на тоа дека се обезбедени голем број докази, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот (ма, срцка!), како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.
Груби е второосомничен во случајот со проневери во „Државна лотарија“. Избега од земјава уште пред Обвинителството официјално да отвори истрага а оо повеќе од една година во бегство, се појави на граничниот премин „Блаце“.
Првоосомничен Прпарим Бајрами, сè уште е недостапен.