- Хрватска нема да ѝ дозволи на Србија да биде примена во Европската Унија се додека не го реши прашањето на исчезнатите лица, предупреди министерот за одбрана Иван Анушиќ.
- „Исчезнатите лица и пристапувањето на Србија во ЕУ се врзани прашања. Не може една држава да даде зелено светло за прием на друга држава, со која има отворени билатерални прашања“, изјави Анушиќ.
- Хрватска трага по посмртни останки на 1.740 лица што исчезнале во Татковинската војна.
- Претседателот Доналд Трамп го потпиша законот што ја обврзува администрацијата да ги објави сите документи поврзани со педофилот Џефри Епстин.
- До пред еден месец Трамп се противеше на објавување на документите, но на тоа го притиснаа и демократите и неговите републиканци, кои едногласно го изгласаа законот во Претставничкиот дом и Сенатот.
- Со потписот на Трамп почнува рокот од 30 дена во кој Министерството за правда треба да ги објави сите документи и комуникации на Епстин, вклучувајќи ги и информациите од истрагата за сомнителното самоубиство на Епстин во обезбедувана ќелија на федерален затвор во 2019 година.
- Министерството може да заштити имиња на жртви на Епстин, но не смее да прикрива информации поради „загрозување на репутацијата“ или „политичка чувствителност“.