- По предлог на владеачкото мнозинство, со 62 гчаса ЗА собранието го избра Љупчо Коцевски за јавен обвинител.
- Оваа кадровска задача ја извршуваат ден пред да бидат распишани изборите, откако минатата недела изгласаа и уставен судија – Ана Павловска Данева.
- „На 84 дена до избори, на еден ден до распишување на избори, овие решиле сè да завршат. Еден куп закони во процедура, сè што не завршиле, сакаат за овие 80 дена. Дали се работи за закони за администрација, за штетни договори кои цела професионална фела ги посочува како штетни, си потпишуваат и си бираат јавен обвините“, вели Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.
- Американците имаат сè понегативни ставови за Израел и за премиерот Бенјамин Нетанјаху, според новото истражување на центарот Пју. Анкетата спроведена во март покажува дека 60% од возрасните во САД имаат неповолен став за Израел, во споредба со 53% минатата година.
- 28% од возрасните Американци имат „многу неповолен“ став за Израел. Тоа е за 9% повеќе од лани и речиси тројно повеќе отколку во 2022 година.
- Впечатлива е разликата во довербата на републиканците за политиката на израелскиот премиер. Меѓу оние на возраст над 50 години, 58% се убедени дека Нетанјаху носи правилни одлуки, а од помладите му веруваат само 30%.
- Повеќе од половина од Американците (55%) немаат доверба дека претседателот Доналд Трамп прави добри одлуки кога станува збор за односите меѓу САД и Израел. Овој процент е речиси непроменет од август 2025 година.