- На една година од лансирањето, ЧеГПТ имаше 100 милиони корисници. На две години имаше 200 милиони. Според ОпенАИ, сега има 400 милиони корисници неделно.
- За да се задржи овој залет, компанијата подготвува две нови верзии, четворка и петка.
- Останува уплавот од кинескиот Дипсик и што ли жолтите спремаат.
- Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, најави дека следната година ќе биде намалено производството на Сајбертракот, за да се фокусира на комплетно автономните такси возила.
- Електричната Годзила се произведува само во мега-фабриката на Тесла во Остин и засега нема најави дека производството може да биде преместено на други локации.
- „Конечно, иднината ќе изгледа како иднина,“ ентузијастички изјави Маск при лансирањето во 2023 година но возилото не ги исполни продажните надежи: во САД пречка за тоа беше електричниот погон а во Европа габаритот.
- Појавата на Сајбертракот како ретко која кола ги подели луѓето: на едни им беше екстремно грд, на други преубав од што е екстремно грд.