- Мрежарината поевтинува, струјата нема да поскапи повеќе од еден процент, но еден час плус дневна евтина тарифа до пролет е сигурно дека нема да има.
- Регулаторната пресмета, од јануари за 7 отсто ќе се намали цената на мрежарината за домаќинствата и за дел од малите потрошувачи. Во некои сметки оваа ставка чини повеќе од потрошената струја.
- Бислимовски не очекува поскапувањето да биде повеќе од еден процент и покрај тоа што ЕСМ струјата за домаќинствата ќе ја продава поскапо. Но, за уште еден час плус дневна евтина, граѓаните ќе почекаат. Регулаторите од намерата не се откажуваат, но анализите повторно ќе се прават дури на пролет.
- Од сезоната 2027/2028 па натаму, Шведска ќе користи само вакцина против коронавирус базирана на протеини во своите национални кампањи за вакцинација. Таа е првата земја во светот што се збогува со проблематичните мРНК вакцини на Фајзер и Модерна.
- Нуваксовид е класична протеинска вакцина. Содржи готово парче од вирусот чиј протеин му се презентира на телото директно за да изгради имунолошки одговор. Се разликува од мРНК вакцините каде што клетките на телото мора сами да го произведат шилестиот протеин по добивањето на мРНК инструкцијата. А тоа се покажа како процес кој носи ризик од автоимуни реакции.
- Шведска избра свој за време на пандемијата, не спроведувајќи карантини и затворања на училиштата. Нивниот пристап наидуваше на жестоки критики од ортодоксните блокадери ширум светот но сумарните резултати подоцна покажаа дека не биле глупи.