Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Мицкоски: На талибански начин се бришат македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП

3 јули 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Дочекавме во 21 век на талибански начин да се брише македонскиот идентитет и јазик“.
  • Ова беше коментарот на премиерот Христијан Мицкоски откако европратениците на Бугарија објавија дека е постигнат договор со трите најголеми европски партии за тоа македонскиот јазик и идентитет воопшто да не се споменува во Извештајот на Томас Вајц за Македонија што идната недела треба да се усвои на седницата на  Европскиот парламент во Стразбур.
  • „За нас е подеднакво лошо и тоа што се брише од Извештајот македонски идентитет и македонски јазик исто како и да стоеше модерен, буквално е подеднакво лошо. Но она што е важно е да се напомене дека оној мал чекор кога помина на Комитетот за надворешни работи и македонски јазик и македонски идентитет ќе остане во колективната меморија дека за прв пат некогаш помина македонски идентитет и македонски јазик во главниот град на Европската унија, Брисел“, порача Христијан Мицкоски.
  • Оваа епизода уште еднаш покажува дека проблемот е многу подлабок од внесувањето на неколку стотини Бугари во Уставот.
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
5

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
6

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
1

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
7

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

8

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Општинари, фак ју

Дно на денот: "Pray for Skopje"

Зошто не доаѓа Принс во Скопје?

Кога писателите (треба да) играат на шипка

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy