Мицкоски до СДСМ: Не ви пречеше Стоиљковиќ кога го молевте за промена на името
14 јули 2026
- Митко Трајчулевски, пратеник на СДСМ: „Со Стоилковиќ како министер, „српскиот свет“ добива губернатор во 80 македонски општини“.
- Христијан Мицкоски, премиер: „Не ви пречеше Стоилковиќ кога го молевте да гласа за промена на името. Не ви пречеше да трчате на бања да го убедувате и да нудите сѐ и сешто за да гласа за промена на името. Тогаш не ви пречеше Иван Стоилковиќ? Не ви пречеше кога трчавте по Скопје и по Куманово да го молите, да коленичите пред Иван Стоилковиќ да гласа за промена на името? И знам дека ве одби човекот затоа што има карактер, има достоинство“.