- Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика на ново партнерство на САД и Европа, врз основа на заедничките интереси, а не на вредностите што повеќе не ги споделуваат.
- „Трансатлантското партнерство ја изгуби својата самодоверба, прво во САД, потоа тука во Европа, а веројатно и во оваа просторија... Културните војни на движењето МАГА не се наши. Слободата на говорот завршува кога се користи за напад за човечкото достоинство и за Уставот. Не веруваме во царини и протекционизам, туку во слободна трговија“, порача Мерц.
- Тој оцени дека САД ги достигнаа границите на својата моќ да дејствуваат самостојно и ја изгубија улогата на глобален лидер во новиот светски поредок , предупреди германскиот канцелар Фридрих Мерц, на отворањето на Минхенската безбедносна конференција.
- „Овој поредок, колку и да беше несовршен дури и во својот најдобар период, повеќе не постои во таа форма. Во ерата на соперништво меѓу големите сили, дури ни САД нема да бидат доволно моќни да дејствуваат сами... Затоа, ајде заедно да ја поправиме и оживееме трансатлантската доверба“, изјави Мерц.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.