- Илон Маск најави дека е подготвен да отстапи од местото генерален извршен директор на Твитер откако тоа го сугерираа резултатите од неговата анкета за тоа прашање.
- Меѓутоа: „Ќе дадам отказ како ЦЕО веднаш ШТОМ најдам некој кој е доволно будала да ја прифати таа работа“.
- Маск рече дека после оставката како главен на компанијата, ќе се занимава само со тимовите за софтвер и сервери.
- Пентагон повикал неколку партнери од НАТО, вклучувајќи ги Литванија, Летонија и Естонија, да ја ублажат реториката со која Русија ја претставуваат како закана за Европа, за да не ги загрозат новата мировна иницијатива на Трамп и сопствената безбедност
- Елбриџ Колби, шефот за политички прашања на Пентагон, како пример за опасна реторика ја наведе изјавата на естонскиот премиер Кристен Михал, кој пред еден месец го нарече Путин „стаорец затеран во ќош“.
- Извори на Ројтерс укажуваат дека нема несогласувања помеѓу САД и партнери од НАТО ниту е променета воената поддршка од САД за балтичките земји. Пораката од Колби до европските претставници е опишана како: „Ви помагаме. Американците се таму. Само не кревајте галама.“
- Предупредувањата се во линија со пошироката промена во политиката на САД, со кој од европските сојузници во НАТО се бара да преземат поголема одговорност и воен товар за сопствената одбрана.