Маск од мај ѝ се враќа на Тесла
23 април 2025
- Илон Маск најави дека од мај ќе го намали ангажманот во Канцеларијата за владина ефикасност, за да се посвети повеќе на својата компанија „Тесла“, која е во длабока криза.
- Акциите на „Тесла“ изгубија 40% од вредноста додека Маск како влијателен советник во Белата куќа ја водеше кампањата за намалување на федералните трошоци на САД и за кастрење на непотребната администрација.
- Маск се пофали дека канцеларијата ДОГЕ скратила трошоци во вредност од 160 милијарди долари. Во исто време вредноста на „Тесла“ се намали за 600 милијарди долари.
- „Ќе поминувам по ден или два неделно на владини прашања, сè додека претседателот сака да го правам тоа“, најави Маск.