Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Макрон ги призна француските злосторства во Камерун

13 август 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Претседателот Емануел Макрон официјално ја призна улогата на Франција во „репресивни насилства“ во Камерун за да го задуши движењето за независност на поранешната колонија. Во писмо до камерунскиот претседател Пол Бија, Макрон го цитирал заклучокот од заедничката комисија што ја истражувала улогата на Франција против борбата за независност во Камерун во периодот од 1945 до 1971 година.
  • Историчарите заклучиле дека Франција спроведувала масовни прогони, префрлала илјадници Камерунци во логори и ги поддржувала бруталните милиции што војувале против борците за независност, дури и по 1 јануари 1960 година, кога Камерун прогласи независност. Во периодот од 1956 до 1961 година француските сили биле одговорни за десетици илјади жртви и стотици илјади раселени лица.
  • „Историчарите јасно кажаа дека имало војна во Камерун во која колонијалните власти и француската армија спроведувале репресивни насилства од различен вид. Тоа продолжило и по 1960 година. Должност ми е денес да ја прифатам улогата и одговорноста на Франција во овие настани“, му порачал Макрон на претседателот Бија.
  • Макрон бил запознаен со извештајот на комисијата од јануари, но официјално го прифатил дури сега. Французите не ја сметаа војната во Камерун за „своја“, бидејќи ја водеа колонијални милиции, а француската војска беше концентрирана во војната во Алжир од 1954 до 1962 година. 
извор

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
  • Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
  • Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
  • За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
  • Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
извор

Прв септември без урагани во Атлантикот во овој век

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
  • Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
  • Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
  • Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
  • Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

5

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

6

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
7

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
8

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Македонштина
1

АНБ со мирис на УДБА

2

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

3

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

4

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

5

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

6

Грок го наговорил Трамп да оди во војна

Свет
7

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Јазикот ги чува границите?

Браво за кумот

Синоќа леб се направивме

Прашање на денот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy