Македонците се изборија да учат на македонски во Македонија
-
По реакциите во јавноста, Министерството за образование и наука соопшти дека ќе се направи измена на конкурсот и ќе се воведе паралелка за акушерки на македонски јазик во средното медицинско „Панче Караѓозов.“
-
Во првичниот конкурс беше предвидено од септември да има само паралелка на албански јазик, но не и на македонски јазик.
-
Според официјалниот сајт на министерството, министер за образование е Јетон Шаќири (го има менаџирано ЈП „Водовод и канализација”- Струга) а заменик министер Агим Нухиу (на сајтот на владата, истиот Нухиу е заменик министер за правда).