- Ми се случи тоа пред 28 години. На Св. Трифун или Св. Валентин. Тотална парализа, квадриплегија, само за неколку минути откако се разбудив. Во само десетина минути комплетно ми се измени животот. Од една многу динамична личност, болеста ме врза за кревет, раскажува Маја Павловска, скопјанка која живее во Утрехт. Мајка, сликарка, текстописец, фраерка....
- Болеста ја легнува кога нејзиниот син Боби има само една ипол годинa. „По две години, додека сè уште бев тотално парализирана, самата одлучив да престанам со сите лекарства, а мотив ми беше Боби. Cакав, ако не физички, барем психички да бидам присутна“.
- По девет месеци најстрашни кризи заради чистење од сите јаки медикаменти, седативи, аналгетици и лекови за спазми, почна да ми се враќа по некое движење. Почнав психолошки да се враќам на старата „јас“.
- Сакам да дојдам, во Скопје, во Охрид.. секаде, каде што се моите луѓе што ги сакам, ама тоа не е можно, со оглед на непристапноста низ цела држава. Особено мојот дом, кој моите родители внатрешно го адаптираа за моите потреби, но се наоѓа на четврти кат и е без лифт. Барав дозвола за поставување лифт во нашата зграда и за овие 28 години не ја добив.
- Претставничкиот дом на Парагвај ја одби понудената оставка на претседателот Сантјаго Пења за да може да му го одземе имунитетот и да покрене импичмент во Сенатот, што најверојатно ќе заврши со обвинение и судски процес.
- Одземањето на имунитетот било акламативно, вклучувајќи ги и пратениците од неговата партија а на Пења му беше одреден куќен притвор.
- Незадоволни од тоа, демонстранти се собраа пред неговата резиденција, во еден моментиот ја пробија блокадата па Пења итно бил евакуиран во некоја воена база.
- Причина за скандалот е затворањето на најголемата дигитална банка, Уено, која беше ставена под управа на централната банка откако се утврди дека паднала под предвидениот минимум солвентност. Преку три милиони луѓе во Паргвај останаа без своите пари па дополнително ќе бидат обесштетувани.
- Долго откако беше избран на функцијата, претседателот Пења одржувал бизнис релации со сопственикот на банката, групацијата Веласкез.
- Уапсени се група директори во Уено а претстедателот на Централната банка, Карлос Каваљо поднесе оставка. Не е сигурно дека ќе помине само со тоа: поставен е таму пред три години од Пења откако беше прв човек на финансиската компанија која прерасна во Уено.
- Во српскиот дневен весник „Данас“ под псевдонимот „Пријател на студентите“ со месеци беа објавувани текстови со политички и правни совети до студентите блокадери (во периодот пред вонредните парламентарни избори), вклучувајќи предлози за стратегија, формирање експертска влада, отворање кон ЕУ и состав на Студентската листа.
- По изборите, авторот го обелодени својот идентитет: Александар Маршавелски, вонреден професор на Правниот факултет во Загреб но уште поважно, член на хрватскиот совет за граѓански надзор на безбедносно-разузнавачките служби на Хрватска.
- Маршавелски поднесе оставка на таа функција но обелоденуваето на неговиот идентитет ги подгреа сомневањата на довчерашните српски власти дека рушењето на Вучиќ било инструирано од странски центри.