- Пет загинати од кои едно девојче од 9 години и над 200 повредени меѓу кои 41 се со критични повреди и животот им се спасува во 15 клиники во Германија.
- Тоа засега е жртвениот епилог на упадот со автомобил на преполн божичен пазар на 50 годишен лекар од Саудиска Арабија. Со БМВ косеше луѓе цели 400 метри.
- На социјални медиуми најавувал дека „нешто големо ќе се случи.“ Форензичари испитуваат дали претходно го исклучил системот за ургентно кочење на моделот БМВ Икс3, кола што ја набавил пред нападот.
- Талеб ал-Абдулмохсен дошол во Германија во 2006-та а азил побарал една децнија подоцна. Уапсен е.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.