Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Луизијана забранува кемтреилс

4 јуни 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американската сојузна држава Луизијана почна процес за забрана на кемтреилс. Законот е усвоен од Претставничкиот дом и треба да биде одобрен од Сенатот и да биде потпишан од гувернерот. Одделението за екологија ќе треба да ги бележи случаите и да ги пријавува до националната гарда.
  • Претставувајќи го нацрт-законот, пратеничката Кимберли Коутс се повика на теориите дека „агенции користат хемикалии за експерименти за модификување на климата“. На тој став беше и министерот за здравство Роберт Кенеди Џуниор.
  • „Страшно е да се помисли дека некој исфрла големи количества алуминиум во природата, прскајќи го во микроскопски честички од авиони“, изјави Кенеди на својот подкаст пред две години.
  • Научен консензус, прифатен од Агенцијата за заштита на природата (ЕПА) е дека белите линии што зад себе ги оставаат авионите во лет се контреилс - траги од кондензација на издувни гасови при допир со ладен и влажен воздух на големи височини. Контреилс се природни и не се никаква закана за околината и за климата.
  • Луизијана е деветтата сојузна држава што забранила кемтреилс. Пред неа беа: Минесота, Јужна Дакота, Њу Хемпшир, Род Ајленд, Кентаки, Тенеси, Флорида и Тексас.
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Музеј на современи вазали

Македонштина
4

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
5

Одбери ја својата криза на средни години

Мешано
6

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
7

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

8

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
1

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
2

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

3

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
4

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
5

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Свет
6

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

7

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Разно
8

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Општинари, фак ју

Летвичката за пијанство е подигната

Ова не учат на школо, нели?

Да се смисли наш збор за ова

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy