Вести › Набрзинка
Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична состојба
-
Викендот починал пациент со западнонилска треска, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјава се искачи на 3. Станува збор за 61-годишен пациент кој имал придружни сериозни заболувања и е од едно од погодените места.
-
Лабораториски се потврдени 35 случаи со вирусот, а уште тројца суспектни се во процес на дијагностицирање.
-
Овие шестмина кои се во критична состојба и се лекуваат во Одделот за интензивна нега се на возраст над 60, најмладиот пациент кој е хоспитализиран е 25-годишен, но е во стабилна здравствена состојба.
-
„Инкубацијата на вирусот е 3 до 14 дена. Сите пациенти се со епидемиолошка анкета и се лоцира дали патувале во странство, дали патувале надвор од местото на живеење внатре во земјата, и каде се движеле. Има луѓе со урбани адреси, но имале и викендичка, и најверојатно во тој период престојувале на овие места, така што во основа сите мерки се насочуваат таму каде што е најверојатното место на заразување. Една од мерките е лична заштита од убоди од комарци, и отстранување на застоена вода во дворови или непосредна околина. Општините каде што е прогласена епидемија сите ќе добијат и СМС пораки со насоки за постапување изработени од Институтот за јавно здравје кои веќе се комуницираат“, кажал министерот Клековски.
-
За луѓето не постои вакцина, за коњите има (Википедија).