После 18 години поминати во Фокс, Крис Валас се префрла на новиот стриминг сервис на конкурентската Си-ен-ен. Договорот со Фокс му завршуваше месецов а вели, сакал да проба нешто ново.
„Пред 18 години, газдите на Фокс ми ветија дека никогаш нема да ми се мешаат во изборот на гостите или прашањата. Се држеа до тоа ветување а јас правев најдобро што знам. Беше тоа одлично возење“, рече легендарниот новинар.
Валас е последното од серијата заминувања на познати ТВ лица од долгогодишните позиции. После 28 години, од MSNBC се одјави Брајан Вилијамс, договорот таму и завршува и на Рејчел Медоу, а CNN го напуди Крис Куомо заради бранење на брат му.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.