Вести › Набрзинка
Француски вина се полнеле со македонска смедеревка од Мрзенци
- Некои винари од Бургундија (поконкретно од Шабли и Монташе), наместо со свое вино, полнеле шишиња со македонска смедеревка.
- Истрагата спроведена во соработка со Европол открила мрежа од седуммина фалсификатори на вино кои купувале вино од газда Ѓоко (Јавор), дополнително го одлежувале во барик буриња за да развие француски карактер а потоа го пласирале на пазарот под етикети на познати винарии од Бургундија.
- „Едноставно, немаме доволно вино, а никој не се занимава со тој проблем! Сфативме дека Смедеревката од Македонија може да биде одлична алтернатива кога ја пробавме во локално балканско бистро на пат кон Грција. Па, тоа е феноменално, тие имаат многу карпест тероар, соленоста и минералноста се неверојатни. Како да одолееме, особено по таа цена“, се правда енологот Теле Репомаше кој работи за една од винариите обвинети за фалсификување на бургундецот со заштитено географско потекло.
- Репомаше бил шокиран кога видел дека Балканцитеопијат вино помешано со газирана вода, често со „некој вид бургер испечен на ќумур“ (читај: плескавица)
Обвинителство: Уапсениот инспектор требало да земе 50.000 евра, не од Грчец
-
Самостојниот инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на Претседателот на Владата на РСМ, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело Оддавање службена тајна.
-
Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува.
-
На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.
-
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец.