Компанија од Сарај која увезувала јаглен за РЕК Битола стана голем акционер во „Македонијатурист“
16 јули 2026
- Компанија која го снабдуваше РЕК Битола со јаглен ја купи фирмата МГФ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје на бизнисменот Зоран Антиќ и се стекна со акции откако влезе во сопственичката структура на „Македонијатурист“, нашата најголема хотелиерска компанија.
- МГФ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје е основана во 2025 година со регистрирана дејност – останати услужни дејност, но се уште нема остварено деловна активност. Таа е фирма основана оф МГ Фешн на Зоран Антиќ кој го гради станбено-деловниот комплекс на паркингот кај Холидеј ин, хотел кој е во сопственот на „Македонијатурист“.
- Новиот сопственик на МГФ, ПРОМЕТ СТЕЕЛ ХОЛДИНГ е во сопствеништво на Абедин Алиу и неговата потесна фамилија.