Нашле ценовници за сместување на брегот на Јадранското море од 1988-ма, па ги претвориле во денешна вредност. Прво во долари па пресметале колку денес вреди тогашниот долар.
Четиричлено семејство можело да најде хотел во Црна гора за денешни 1.000 денари, во Макарска за 2.500 денари.
Се наоѓале соби и за цени од 250 до 400 денари дневно.
Кампување во Дубровник, со приколка и приклучок за струја - 500 денари на ден.
„Не сме југоносталгичари, ама ова се цени од рајот“, пишуваат новинари на Бука.
Доналд Трамп: „Какво возбудување и каква голема чест за нашата земја. Се надевам на средба со папата Лав 14. Тоа ќе биде многу значаен момент“.
Владимир Путин: „Убеден сум дека конструктивниот дијалог и соработка помеѓу Русија и Ватикан ќе продолжи да се развива врз основа на христијанските вредности што нè обединуваат“.
Џорџа Мелони: „Италијанците ќе ве гледаат како водач и референтна точка, препознавајќи духовен и морален авторитет што произлегува од неисцрпната порака за љубов, милосрдие и надеж“.
Емануел Макрон: „Историски момент за Католичката црква и за нејзините милиони верници. Испраќам братска порака до папата Лав и до сите католици во Франција и ширум светот“.
Фридрих Мерц: „Преку вашата канцеларија, нудите надеж и водство за милиони верници низ светот во овие времиња на големи предизвици. За многу луѓе вие сте зрак на правдата и помирувањето“.