- Синот на поранешниот заменик министер за внатрешни работи Назим Буши од ДУИ е осомничен дека е „кртот“ на криминалната група Барон/Беланоца. Го сомничат дека пред десетина дена ја провали акцијата за апсење на припадници на скопското нарко подземје.
- Од 18 осомничени за убиства и рекет, полицијата уапси само четворица, а еден сам се пријавил. „Катастрофално е дека човек којшто требаше да биде апсен, 10 минути пред да пристигне полицијата доби информација и сега е недостапен за органите на прогонот. За тоа некој мора да одговара“, рече министерот Панче Тошковски по акцијата на 16 декември годинава.
- Синот на Буши влезе во фокусот на јавноста пред две години кога полицијата го запре неговото ауди кое користело недозволени полициски флешери (ротациони светла). Се обиделе да го запрат во Чаир, но по бркотници со полицијата го стигнале на Качанички пат. Кога дознале дека е функционерски син, го пуштиле.
- За првпат после јули, цената на нафтата отиде преку психолошката граница од 100 долари за барел.
- Цената ја следеше ескалацијата на односите меѓу САД и Иран. Американците се пофалија дека уништиле пет ирански танкери за нафта, овие возвратија со напади врз американскиот сојузник Јордан и советуваа танкерите во Кувајт и Бахреин да се евакуираат.
- Европскиот STOXX 600 падна околу 0,7%, а во минус беа и германскиот, францускиот и британскиот индекс. Но, најголема опасност е инфлацијата.
- Пред војната, нафтата беше околу 70 долари за барел.
- „Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, негодуваа, клеветеа, пласираа лажни информации, а молчев. Не сакав да зборувам затоа што оставав сето тоа што претставуваше навистина посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент и за граѓаните во тие градови. Имаше таков настан и тука, во Штип. Лошата вест е дека буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат нула денари“, рекол премиерот во Штип.
- Нагласил дека сето ова што го говори може слободно да се провери на „Отворени финансии“ и нагласи дека сè било организирано од општествено одговорни компании.
- „Жалам што кај поединци работи Фројд, што мислат како тие би правеле, па мислат дека и некој друг така прави. Но, ова е домаќинска Влада. Ова е Влада промакедонска, која се грижи за граѓаните, пронародна, и секој денар, секој денар буџетски средства се троши на транспарентен начин“, пренесува Фокус.