- Американската разузнавачка заедница верува дека експлозијата на автомобилот-бомба во која беше убиена Дарја Дугина, ќерката на рускиот стратег и идеолог Александар Дугин, била одобрена во рамки на украинската влада.
- Според изворите на Си-ен-ен, САД не биле свесни за украинскиот план; не им е јасно и дали и украинскиот претседател Зеленски бил свесен за заговорот и дали го одобрил.
- Американските разузнавачи веруваат дека вистинска цел на операцијата бил Дугин чија ќерка таа кобна ноќ го позајмила неговиот автомобил.
- Американските сили собориле иранско беспилотно летало што „агресивно“ се приближило до носачот на авиони „Абрахам Линколн“ во Арапското Море. Иранската агенција Тасним потврди дека бил изгубен дрон во меѓународни води, но не ја објави причината.
- „Авион Ф-35 собори ирански дрон (шахед-139) што летал со нејасна намера за да го заштити носачот на авиони и персоналот на бродот“, изјави капетанот Тим Хокинс, портпарол на Централната команда на американската војска.
- Набрзо потоа патролни чамци и дрон на иранската Револуционерна гарда се приближиле до танкер со американско знаме, побарале да запре и се заканиле дека ќе го преземат. Наместо да запре, танкерот забрзал и наскоро добил придружба од американски борбен брод.
- Инцидентите се во време кога моќна американска флота веќе е близу до Иран, а американски дипломати настојуваат да отворат дијалог за иранската нуклеарна програма. Претседателот Доналд Трамп предупреди дека воените бродови и авиони во Персискиот Залив се спремни да дејствуваат ако Техеран одбие договор.
- Шеснаесетгодишно момче е приведено во Москва поради убиството на Алексеј Бељаев, заменик-шеф на агенцијата Роскомнадзор задолжена за цензура на интернетот во Русија.
- Според неофицијални извори, момчето Артјом А. со нож го нападнало Бељаев на влезот во агенцијата на 19 јануари. Нема никакви официјални записи за инцидентот.
- Агенти од Федералната служба за безбедност брзо интервенирале и наметнале најстрога информациска блокада. Две недели не била објавена вест за убиството ни по медиумите ни на социјалните мрежи.
- Во објава што брзо била отстранета од платформата Телеграм, мајката на момчето напишала дека нејзиниот син е обвинет за „убиство со политички или идеолошки мотиви“. Обвинителите тврдат дека Артјом е „жесток противник на активностите на Роскомнадзор“ и дека го планирал убиството.
- Одделението на Бељаев е задолжено за блокирање сајтови, пренасочување интернет сообраќај и борба против заобиколување на наметнатите ограничувања.