- Администраторот на Државниот архив на Република Македонија, надвор од работното време, односно околу два часот по полноќ пријави коментатор на Фејсбук кој пишал „Да ви се мочам во северната“
- Побара МВР да се справи со овој „говор на омраза“ кој „девалвирал владина институција.“
- Значи: „Да ви се мочам во Северната.“ И сега шо праиме?
- ЕСМ тврди дека лицата што дале исказ дека нема штета за компанијата, што за обвинителството било причина да ја запрат истрагата околу набавките на мазут - не биле надлежни за тоа.
- ЕСМ тврди дека тие лица „не биле ниту овластени, ниту компетентни, а најмалку одговорни да даваат коментари за евентуална финансиска штета. Нивната улога, согласно барањето на обвинителката – била единствено да ги образложат техничките процеси при набавката на мазутот и реализацијата на планот за производство на електрична енергија во ТЕЦ ‘Неготино’.
- Техничките лица само констатирале дека не била нанесена штета врз планот за производство, без да се елаборира дали потрошената количина била согласно тендерските услови и договорот, појаснува ЕСМ.